Коронавирусот прави хаос и во Италија: Салернитана доби забрана да патува во Удине

Натпреварот меѓу Удинезе и Салернитана кој требаше да се игра вечерва е одложен, откако на гостите не им беше дозволено да патуваат во Удине поради неколку случаи со ковид-19.

На тимот не му беше дозволено синоќа да отпатува со регуларен лет, откако еден од играчите излезе позитивен на тестирањата пред патувањата. Било планирано да патуваат со приватен лет во вторникот наутро со приватен лет, но тестовите покажале дека имало двајца заразени играчи, а здравствените власти на Салерно се одлучи да го стави целиот тим во карантин, со што фудбал денеска нема да се игра на „Дачија Арена“.

Останатите два меча од 19. коло меѓу Џенова – Аталанта  и Јувентус – Калјари е предвидено да се играат во 20:45 часот.

Се вчитува...