Коронавирусот присутен и кај Чесли – Пулишиќ го пропушта градското дерби со Арсенал

Ни новата сезона нема да биде поштедена од пандемијата на коронавирус. Откако Арсенал загуби три играчи во првото коло од Премиерлигата поради позитивни случаи на вирусот, сега истиот „удри“ и по фудбалерите на Челси.

Томас Тухел за мечот против ривалот од „црвениот“ дел од градот кој е закажан за недела со почеток од 17 часот и 30 минути нема да може да смета на Кристијан Пулишиќ. Репрезентативецот на САД е позитивен на Ковид-19, не тренира со тимот и нема да биде дел од составот.

„Кристијан Пилушиќ поради позитивен тест на Ковид-19 не тренира со нас и нема да биде на располагање за неделниот натпревар против Арсенал“, изјави германскиот стратег.

Поради позитивни тестови на коронавирусот Микел Артета пак нема да може да смета на услугите на Лаказет, Рунарсон и Вилијан, а непосредно пред натпреварот ќе биде одлучено дали ќе настапи и Обамејанг.

Се вчитува...