Коронавирусот влијае чудно: Арсенал ја отпушти маскотата

Како дел од мерките за штедење поради кризата што ги зафати фудбалските клубови, дури и во оние најбогатите од Премер-лигата мораше да бидат носени одлуки за намалување на дел од врботените или на ангажираните соработници. Откако отпушти голем дел од скаутите, Арсенал реши да ја отпушти маскотата. Односно реши да го отпушти лицето кое го носеше симпатичниот костим и кој ги забавуваше навивачите. Маскотата се нарекува „Gunnersaurus“.

Непопулраниот потег го осудија навивачите особено помладите. Арсенал ја правда одлуката со намалување на трошоците затоа што заработувачката нема да биде на исто ниво со оглед дека нема навивачи на трибините. Арсенал инаку летово потроши 36 милиони евра на засилувања. Затоа е дополнително нејасно како платата на овој човек кој 27 години бил во клубот ќе му помогне на Арсенал.

 

 

Се вчитува...