„Корпа“ за Милан: Анчелоти десет месеци ќе одмора од фудбал

Карло Анчелоти експресно ја затвори вратата за камбек на клупата на Милан, објавувајќи дека нема намера во блиска иднина да прифати нов тренерски ангажман. Овој стручњак освои бројни трофеи со „росонерите“ и беше посочуван како главен фаворит за наследник на Винченцо Монтела, чиј отказ е само прашање на време. Сепак, Анчелоти по стресниот ангажман во Баерн Минхен и отказот од баварскиот гигант сега планира подолг одмор од фудбалот.

Немам намера да се враќам до крајот на сезонава, она што можам со сигурност да кажам е дека во следните десет месеци ќе одморам од фудбалот“ – изјави Анчелоти во Ерусалим, каде се наоѓа во хуманитарна мисија спонзорирана од УНИЦЕФ.

По бројните критики од страна на фудбалерите на Баерн јасно е зошто Анчелоти сака да се одмори на мир, а јасно е дека тренер со неговото реноме догодина ќе нема никаков проблем да си обезбеди ангажман во врвен европски клуб.

Се вчитува...