Корумпираниот потпретседател на УЕФА си поднесе оставка

Потпретседателот на УЕФА, Анхел Марија Вилјар, кој беше уапсен под сомение за корупција, поднесе оставка на функцијата, соопштија од Европската фудбалска организација. Во соопштението се наведува дека Вилјар поднел оставка на местото потпретседател на УЕФА и член на Извршниот комитет и дека таа веднаш стапува на сила.

Вилјар кој моментно е во затвор во Шпанија, ги отфрла обвинувањата за кои се товари. Тој поднесе оставка и на местото постар потпретседател во ФИФА.

Претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија, Анхел Марија Вилјар, и неговиот син Горка минатата недела беа уапсени  во Шпанија за неправилности во управувањето на Федерацијата, злоупотреба на средства, корупција и за фалсификување на документи.

Се вчитува...