Кос и Лиендо урнаа два нови светски рекорди во пливање

Два светски рекорди беа урнати за време на првиот ден од Светскиот куп во 25 метарски базени во Торонто. Унгарецот Хуберт Кос, актуелниот олимписки шампион во грбно  на 200 метри, ја помести границата на соништата во оваа дисциплина. Тој стигна до целта за 1:45,12 минута.

Тој успеа да го подобри за повеќе од половина секунда претходниот најдобар резултат, кој беше во сопственост на Австралиецот Ларкин и изнесуваше 1:45,63.

Само половина час подоцна, Канаѓаните беа воодушевени од домашниот адут, Џош Лиендо. На 100 метри, делфин ја запре стоперката на 47,68 секунди. За три стотинки, тој го надмина најдобриот резултат во историјата, во сопственост на Швајцарецот Ноа Понти. Интересно е што Понти беше трет во оваа трка со време од 48,38 секунди.

Се вчитува...