Кошаркарите на контрола со ослабената Црна Гора

Македонската кошаркарска репрезентација денеска ќе го игра првиот од двата предвидени контролни натпревари против селекцијата на Црна Гора, средби што селекторот Бајиќ ќе ги искористи за да ги види на дело кошакарите со кои работеше во изминатиот период, како загревање за претквалификациите за СП.

Противникот исто така е ослабен поради неиграњето на Американецот Кобс, во тимот ќе го немаат ниту одличниот центар Дубљевиќ.

За овој натпревар, селекторот Бајиќ се реши да им даде шанса на вкупно 15 кошаркари. Своите минути во националниот дрес на овaа проверка ќе ја чекаат: Андреј Магдевски, Кристијан Николов, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ, Бојан Трајковски, Бобан Стајиќ, Горјан Марковски, Дамјан Робев, Виктор Ефремовски, Марко Миловановиќ, Андреј Андоноски, Теодор Симиќ, Лејсон Зекири, Валмир Какруки и Џејкоб Вајли

За два дена, на 4. август, од 19.часот, двете селекции ќе одиграат уште еден контролен натпревар, исто така во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Се вчитува...