Кошаркарите на мегдан со Словачка: Лечење на „швајцарските“ рани или чекор поблиску до „амбисот“

Македонските кошаркари денеска во 19 часот ќе излезат на мегдан со селекцијата на Словачка, во обид да си ги зголемат шансите за пласман во главните квалификации за СП 2023. Македонија одиграа потпросечен меч на отворањето со Швајцарија и заслужено загуби so 62-67, додека Словаците во својот премиерен меч во Скопје ги совладаа Швајцарците со 64-56.

Овој натпревар е одлична можност за нашите кошаркари со победа да се вратат во игра за едно од првите две места во групата, а голем плус сигурно ќе биде и присуството на поголем број на публика на трибините во СЦ „Јане Сандански“.

Селекторот Бајиќ веќе увиде со каков квалитет располага, но време е и тој да покаже тренерски капацитет, бидејќи српскиот стручњак делуваше загубено крај клупата, исто како и неговите играчи на теренот, во голем дел од премиерниот дуел со Швајцарија.

„Словачка е добра селекција што покажаа и на мечот со Швајцарија. Мора да имаме сериозен пристап. Мора да им ги затвориме нивните најдобри кошаркари и низ нашата брза да игра да стигнеме до колку можеме повеќе лесни поени. Ја повикувам публиката во колку може поголем број да дојде и да ги поддржи овие момци кои даваат максимум за Македонија“, заврши Бајиќ.

Се вчитува...