Кошаркарите заминаа на подготовки во Маврово

Македонската репрезентација денеска го почнува базичниот дел од подготовките кои ќе ги одработи во Маврово. Таму, нашиот сениорски национален тим ќе остане  до 21 јули кога ќе се врати во Скопје и ќе почнат активностите околу подготвителните натпревари.

Покрај стручниот штаб, предводен од селекторот Драган Бајиќ, неговите асистенти, Александар Јончевски и Адмир Прасовиќ, кондицискиот тренер Алекандар Кукриќ, за Маврово отпатуваа и: Андреј Магдевски, Кристијан Николов, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ, Бојан Трајковски, Бобан Стајиќ, Горјан Марковски, Дамјан Робев, Виктор Ефремовски, Андреј Андоноски, Марко Миловановиќ, Лејсон Зекири, Валмир Какруки, Андреј Настовски, Оливер Двојаковски, Теодор Симиќ.

Од 12. до 18. август, Македонија ќе ги игра натпреварите во претквалификациската група во која за противници ги имаме селекциите на Словачка и на Швајцарија. Првопласираните две селекции на турнирот во Скопје, ќе се пласираат во оние главни квалификации за пласман на Светскиот Куп во 2023 година.

Се вчитува...