Кошаркарите заминаа за Украина (ФОТО)

Македонската кошаркарска репрезентација рано утрово замина за Киев каде „црвено-жолтите“ ги очекува натпревар со Украина во второто коло од квалификациите за Светското првенство 2023.

Бидејќи нема директен лет, македонската експидиција ќе патува преку Виена, а по пристигнувањето ќе одржи тренинг во „Дворецот на спортовите“. Како потсетување, натпреварот помеѓу Украина и Македонија е во понеделник со почетокот од 18 часот.

 

Се вчитува...