Кошаркарка го доеше бебето на сред натпревар (ФОТО)

Аргентинската кошаркарка Антонела Гонзалес се одлучи среде натпревар во аргентинскиот шампионат да ја доби својата 11-месечна ќерка.

На дуелот меѓу Томас де Рокамора и Велез Сарсфилд, мораше да се тргне од теренот за да ги заврши мајчинските обврски.

„Откако го завршивме разговорот со тренерот му реков дека ми е потребно малку време на клупата. Тоа е природно. Изненадена сум што околу нешто што е природно се крена ‘врева’ во јавноста. Но, среќна сум поради тоа. Се надевам дека ова ќе биде пример за сите мајки дека по бременоста и породувањето можат да се вратат на професионалниот спорт“ – вели Гонзалес.

На крајот Антонела Гонзалес постигна и осум поени во победата на својот тим.

Се вчитува...