Кошаркарот Тајлер Ханикат убиен во престрелка со полиција

Трагична вест доаѓа од САД откако кошаркарот Тајлер Ханикат го загуби животот по пресметка со полициските сили во Лос Анџелес.

Како што објавија американските медиуми, Ханикат во текот на ноќта се забарикадирал во својот дом, по што почнал да пука врз полицајците, кои возвратиле со иста мера. Потоа специјалните сили влегле во куќата, каде го пронашле безживотното тело на кошаркарот.

Ханикат во минатата сезона настапуваше во Евролигата во дресот на Химки, а претходно во Европа има играно и за екипите на Ирони и за Анадолу Ефес.

Се вчитува...