Кошаркарската репрезентација на Аргентина доби нов селектор

Нестор Гарсија е именуван за нов селектор на кошаркарската репрезентација на Аргентина. 56-годишниот стратег го наследи Серхио Ернандес кој ја напушти клупата по завршувањето на Летните олимписки игри во Токио по шест успешни години и освојување на сребрениот медал на Светското првенство 2019 во Кина.

Гарсија се враќа на чело на „гаучосите“ кои ги водеше во 2012 година на шампионатот на Јужна Америка каде освоија злато.

Тој беше на чело на репрезентацијата на Венецуела, а последниот ангажман му беше како селектор на Домениканска Република.

Се вчитува...