Хаосот што го предизвика ФИБА со новиот квалификациски циклус и војната со Евролигата придонесе да дојде до несекојдневна ситуација, на претстојниот кошаркарски Мундијал во Кина да нема место за актуелниот европски првак Словенија.
Словенците лани приредија сензација со триумфот на Евробаскет 2017, но во овие квалификации ситуацијата е тотално променета, Дончиќ и Драгиќ не настапуваат исто како и дел од евролигашките кошаркари, па актуелните европски прваци со денешниот пораз на домашен терен од Турција со 77-86 и дефинитивно ја загубија битката во својата квалификациска група. Исходот е очекуван ако се знае дека Турците дојдоа во својот најсилен состав, предводени од Осман, Илијасова, Коркмаз и од Скоти Вилбекин, додека во таборот на Словенија од ланските ѕвезди го имаше само Рендолф, чии 24 поени се покажаа недоволни за изненадување во Љубљана.
Шпанија по голема битка славеше над Летонија со 85-82, додека Литванија многу потешко од очекувањата, дури по продолжение, триумфираше над Холандија со минимални 95-93.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА