Кошаркарските легенди за последен пат се простија од Дуда Ивковиќ (ФОТО)

Славниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ денеска е погребан во Белград, Србија. Легендите од европската и светската кошарка се собраа на едно место, па за последен пат се простија од Дуда, откако го испратија во неговото вечно почивалиште.

Жељко Обрадовиќ, Владе Дивац, Дино Раѓа, Предраг Даниловиќ, Жељко Паспаљ и Јуре Здовц го носеа ковчегот на нивниот близок пријател, а на погребот беше присутен и првиот човек на македонската кошарка Перо Антиќ, кој соработуваше со Ивковиќ во Олимпијакос при освојувањето на Евролигата во 2012 година.

За потсетување, Ивковиќ почина во болница во Белград минатиот четврток на 78 години, а причината беше течност во белите дробови и херпес.

 

Се вчитува...