Кошмар без граници за Клоп – се повреди и Ван Дајк

Главоболки на Јирген Клоп станаа уште поголеми откако беше обелоденето дека Вирџил ван Дајк има незгодна повреда поради која најдобриот дефанзивец на Ливерпул ќе мора да паузира извесно време од терените.

Холанѓанецот беше повлечен на полувремето од последното гостување против Брентфорд, Клоп по мечот изјави дека станува збор за мал проблем што не би требало да донесе и долга пауза, но деталните прегледи покажаа нешто сосема поинакво.

„Проблемот е многу посериозен отколку што се мислеше во прв момент. Точната дијагноза ќе биде позната по новите детални прегледи кои се закажани, но јасно е дека Ван Дајк ќе мора да мине извесен период надвор од терените“, изјавија од таборот на Ливерпул.

„Црвените“ се мачат да фатат приклучок кон врвот на табелата, а до крајот на месец јануари ги очекуваат дуели со Брајтон и Челси во Премиер-лигата, како и меч со Вулверхемптон во ФА Купот на Англија.

Се вчитува...