Кошмар за Баерн Минхен: Мусиала со скршеница на ногата!

Натпреварот во 1/4 финалето на Светското клупско првенство се претвори во кошмар за Баерн Минхен, откако играчот Џамал Мусиала заработи тешка скршеница на ногата, поради која ќе паузира најмалку девет месеци.

Мусиала ја заработи повредата по еден дуел со голманот Донарума. И самиот голман на ПСЖ знаеше што следува, па затоа веднаш се фати за глава, каок и сите играчи на Баерн Минхен и на ПСЖ.

Мусиала го напушти теренот на полувремето, а на негово место влезе Кингсли Коман. Баерн Минхен без него ќе го мине поголемиот дел од идната сезона.

ВНИМАНИЕ: ВИДЕОТО Е ВОЗНЕМИРУВАЧКО

Се вчитува...