Кошмар за Челси: Три месеци пауза за капитенот

Челси има нова кошмарна сезона, тимот на Покетино не може да врзе два-три добри натпревари во серија, а по последните порази од Манчестер Јунајтед и од Евертон следеше и нова лоша вест за аргентинскиот стратег – повредата на Рис Џејмс.

Капитенот на „сините“ предвреме го напушти мечот на „Гудисон парк“ жалејќи се на болка во мускулот, а специјалистичките прегледи донесоа лоша вест за Челси – повредата е сериозна и Џејмс ќе мора да паузира околу три месеци од терените. Проблемот на десниот бек не е нималку наивен и тој ќе мора целосно да мирува во следните 60 дена, по што би почнал со лесни тренинзи и еден месец подоцна би можел да се надева на камбек на терените.

Ова е последниот во серијата проблеми за дефанзивецот, ко од сезоната 2021/22 па се досега пропушти 35 натпревари на Челси поради повреди на мускулите на ногата, бројка што дополнително ќе се зголеми во наредниот период.

Се вчитува...