Иван Перишиќ се соочува со долга пауза од фудбалските терени по повредата што хрватскиот репрезентативец ја заработи на денешниот тренинг на Тотенхем.
Тој почувствува силна болка во коленото, а деталните прегледи покажаа дека станува збор за кинење на лигаментите. Ова беше потврдено и преку клупско соопштение од страна на лондонскиот клуб, кој обелодени дека наскоро ќе биде извршен и хируршки зафат, по што ќе следи пауза од најмалку пет месеци од терените.
Крилниот фудбалер беше поврзуван со трансфер во редовите на Хајдук, но повредата дефинитивно ќе ги наруши тие планови барем кога станува збор за јануарскиот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА