Кошмар за Хрватска: Циндриќ е „во аут“ до крајот на мундијалот

Лино Червар се соочува со нов огромен проблем во продолжението од СП 2021 откако хрватскиот селектор дозна дека до крајот на мундијалот нема да може да смета на Лука Циндриќ. Асот на Барселона настапи на дуелот со Јапонија на кој „коцкестите“ едвај стигнаа до реми, но Циндриќ токму на овој натпревар заработил незгодна повреда на мускулот.

Денешните прегледи покажале дека стаанува збор за кинење на мускулни влакна на ногата, по што Циндриќ ќе мора да паузира најмалку 20 дена од терените. Ова практично значи дека поранешниот ас на Вардар нема да може да настапува за својата репрезентација до крајот на овој шампионат, а Червар на негово место во тимот го вклучи Јанко Кевиќ.

Хрватска утре се среќава со Ангола, а главоболките на Червар се уште поголеми ако се знае дека повреден е и Карачиќ, кој се наоѓа со селекцијата во Каиро, но не настапи на премиерата со Јапонија.

Се вчитува...