Кошмар за Кил: Хорор-повреда на Сагосен на две седмици до Ф4 во Келн (видео)

Најдобриот ракометар на Кил, Сандер Сагосен, заработи тешка повреда на денешниот дуел со Хамбург и речиси сигурно ќе го пропушти претстојниот фајналфор турнир од Лигата на Шампионите што е закажан за две седмици во Келн.

Норвешкиот бек влезе во дуел со противничките дефанзивци, но многу лошо доскокна, по што веднаш стана јасно дека повредата е многу сериозна.

Тој веднаш беше испратен на лекарски прегледи во клиниката во Кил, а во текот на денот се очекуваат и првите информации околу сериозноста на повредата. Во секој случај, шансите Сагосен да се опорави за настап во „Ланксес арена“ во Келн се сведени на теорија.

Ова е втор огромен проблем за тренерот Јиха, кој неодамна остана и без германскиот репрезентативец Пекелер, кој заработи тешка повреда на тетивата и го очекува повеќемесечна пауза од терените.

Се вчитува...