Јирген Клоп не може да крене глава од проблеми во Ливерпул оваа сезона, откако покрај слабите резултати главоболки му создаваат и повредите на клучните фудбалери.
Тој веќе извесно време е без важни напаѓачи во тимот (Дијаз, Жота и Фирмино), а сега проблемите се префрлија и врз одбранбената линија. Вирџил ван Дајк веќе извесно време е надвор од комбинација, а на дуелот со Брајтон повреда заработи и Ибрахим Конате. Францускиот репрезентативец го истегнал мускулот и му следи пауза од дваесетина дена, период во кој Ливерпул ќе одигра три премиерлигашки средби.
Згора на тоа, Конате е неизвесен и за првиот осминафинален меч од Лигата на Шампионите против европскиот првак Реал Мадрид. Се очекува во негово отсуство друштво на Матип во срцето на одбраната да му прави Фабињо, кој на почетокот од годинава го загуби првотимскиот статус во средниот ред на „црвените“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА