Кошмар за ЛА Лејкерс: Леброн ќе паузира до мај

Лос Анџелес Лејкерс ќе се соочи со огромни проблеми во финишот од регуларниот дел од сезоната откако беше обелоденето дека повредата на Леброн Џејмс е сериозна и суперѕвездата на шампионот ќе мора да паузира најмалку еден месец од терените.

Најновите детални прегледи врз повредениот зглоб на „кралот“ Џејмс покажале сериозно истегнување на лигаментите. Добра вест е што не е неопходен хируршки зафат, но Леброн го очекува пауза до почетокот на месец мај, што значи дека „езерџиите“ ќе бидат принудени да одиграат голем број на натпревари без својот клучен играч. Покрај Џејмс повреден е и Ентони Дејвис, кој најмалку уште две седмици нема да му биде на располагање на стручниот штаб уште најмалку две седмици.

ЛА Лејкерс ги загуби последните три средби без својот ударен тандем, по што актуелните прваци паднаа на четвртото место во западната конференција.

 

Се вчитува...