Кошмар за Манасков и Веспрем против „зебрите“ од Кил

Дејан Манасков и Веспрем го прертпеа првиот овосезонски пораз откако беа преслушани на домашен терен од екипата на Кил со резултат 31-37. „Зебрите“ од Германија доминираа цел натпревар, не им дозволија на избраниците на Дејвис да влезат во ритам, а најзаслужен за тоа беше голманот Ландин.

Данскиот чувар на мрежата беше брилијантен во првото полувреме, кога Веспрем си обезбеди предност од 13-16. Одличен во овој дел од мечот беше и пивотот Пекелер постигнувајќи пет гола од исто толку обиди, во второто време се разигра и Рајнкинд, па предноста на германскиот состав уште повеќе се зголеми, се до конечните 31-37.

Рајнкинд постигна осум гола, а Пекелер и Билик по седум за победничкиот тим. Манасков немаше свој ден и не успеа да се запише во листата на стрелците, а најефикасни кај Веспрем беа Јахиа и Вилсон со по пет погодоци.

Во вториот меч од оваа група Монпелје како гостин го совлада Брест Мешков со 25-27. Ричардсон со шест и Порт со пет гола беа најефикасни во овој тим, кој се рехабилитираше од домашниот пораз од Вардар во првото коло.

Се вчитува...