ПСЖ одигра само 1-1 на гостувањето против Лориен, но уште поголем проблем за Луис Енрике од загубените два бода е тешката повреда што ја заработи Дезире Дуе.
Одличниот офанзивец неодамна се врати по повредата заработена во септември, постигна два гола во Лигата на Шампионите против Баер Леверкузен, но 20-годишниот суперталент настрада на почетокот од второто полувреме против Лориен. Веднаш стана очигледно дека проблемот е сериозен, Дуе мораше на носилки да биде изнесен на теренот, а дополнителните лекарски прегледи ќе покажат најновата пауза на овој фудбалер од терените.
Едно е сигурно, Дуе ќе го пропушти наредниот дуел на ПСЖ во Лигата на Шампионите, дербито против Баерн Минхен закажано за 4 ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

