Кошмарно попладне за Алисон, Ливерпул поразен од Вест Хем (ВИДЕО)

Ливерпул го претрпе првиот пораз во Премиерлигата сезонава, откако загубија на гостувањето во Лондон од Вест Хем. Прв пораз после долго време, благодарение на голманот Алисон Бекер кој имаше „кошмарна вечер“ на Олимпискиот стадион во главниот град на Англија.

Првиот гол беше автогол на Алисон во 4. минута по еден центаршут. Сепак, во 41. минута Ливерпул успеа да израмни со одличниот погодок на Тренд Александер-Арнолд.

Во вториот дел Вест Хем дојде до победата. Најпрво Пабло Форналис  донесе водство од 2:1, и се има впечаток дека Алисон можеше подобро да реагира, а во 74. минута по лошата проценка на голманот на Ливерпул, Курт Зума носи 3:1 за Вест Хем.

Дивок Ориги  во 83. минута успеа да намали. Нападите на Ливерпул во последните мигови не дадоа плод, па „црвените“ мораа да го претрпат првиот пораз сезонава.

Се вчитува...