Кошмарно прво полувреме за Баерн, има два гола негатива во Норвешка

Фудбалерите на Баерн Минхен одиграа катастрофално прво полувреме во Норвешка против Викинг и по 45 минути игра имаат негатива од 0:2.

Тренерот Венсан Компани, по неверојатниот кикс во саботата, одлучи да го одмори првиот голман Мануел Нојер и шанса да му даде на Јонас Урбиг, но и тоа не му даде ефект.

Младиот голман по само две минути игра ја вадеше топката од мрежата по голот на Стенснес.

Нов шок, Баварците доживеаја во 38-та минута кога погоди Кристиансен за 2:0.

Се вчитува...