Првото полувреме од последниот натпревар од 11. коло во Премиерлигата помеѓу завојуваните лондонски ривали Тотенхем и Челси ги исполни очекувањата, но навивачите на „петлите“ нема по добро да го паметат истото.
Тотенхем го започна натпреварот со гол веќе во 6. минута преку Кукушевски, а прегледот на ВАР снимката не дозволи нова радост на домашните навивачи во 14. минута откако мрежата ја затресе Сон. А, наместо да продолжи со одличен ритам, Тотенхем потполно ја загуби контролата.
Крвничкиот старт на Ромеро во шестнаесетникот над Енцо Фернанденз му донесе директен црвен картон на Аргентинецот, а откако Челси изедначи на 1-1 продолжија проблемите за Тотенхем. Прво се повреди Мики ван де Вен, а потоа и Џејмс Медисон па двајцата мораа да го напуштат теренот, наговестувајќи потешка повреда и подолго отсуство.
Директниот црвен картон и двете повреди доаѓаат во тежок период за лидерот на Премиерлигата кој во следните кола ќе се сретне со Вулверхемптон, Астон Вила, Манчестер Сити, Вест Хем Јунајтед…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА