Костеску е наследникот на Заре – Романците го објавија списокот за Македонија

Веќе нема никакви дилеми, Заре Марковски повеќе не е селектор на Романија, откако македонскиот стручњак самиот си поднесе оставка на помалку од еден месец пред дуелот со нашиот национален тим, во претквалификациите за Евробаскет 2021.

Нов предводник на романскиот национален тим е Тудор Костеску, поранешен селектор на младинската репрезентација и екс-тренер на Темишвар, кој своето деби ќе го има токму на дуелот во Скопје на 16 септември.

Костеску го објави и списокот од 15 кошаркари на чии услуги ќе смета за овој натпревар, прв за Романија во претквалификацискиот циклус. Претходно, Македонија на 13 септември ќе го почне новиот претквалификациски циклус со гостување против Косово.

СОСТАВ РОМАНИЈА:

Џордан Вотсон (Орадеа), Влад Молдовеану (Клуж), Емануел Кате (Мурсија), Андреј Мандаче (Орадеа), Александру Олах (Леиден), Нандор Кути (Клуж), Драгош Дикулеску (Темишвар), Дан Лукас Тохатан (Сибиу), Роланд Торок (Клуж), Раду Вирна (Крајова), Антон Диаконеску (ЦСУ Букурешт), Богдан Николеску (Орадеа), Тудор Георге (Питеш), Раду Палициуц (Питешт), Јулијан Орбеану (Питешт).

Се вчитува...