Костоски денеска дебитира за ТФТ (ФОТО)

Александар Костоски по заминувањето од Гостивар експресно си најде нов клуб, следна дестинација на долгогодишниот македонски репрезентативец ќе биде тимот на ТФТ.

Одличниот плејмејкер денеска ќе го има и своето деби за новиот клуб, на мечот против Феникс во рамките од турнирот во чест на Анте Дуковски.

Трансферот се уште не е официјализиран бидејќи ТФТ и Гостивар треба да се договорат околу висината на отштетата, но Костоски почнува со настапи за новиот клуб на подготвителните натпревари и јасно е дека тој ќе биде најголемото засилување на ТФТ за новата натпреварувачка сезона.

Се вчитува...