Костов ги собра „гипсарите“: Ренова ќе има добар тим за успешна сезона!

И екипата на Ренова денеска ги стартуваше подготовките за новата сезона во прволигашката конкуренција. Новиот шеф на стручниот штаб, Влатко Костов ги собра „гипсарите“ на првиот летен работен ден нагласувајќи дека плановите на тимот од Џепчиште се активна улога во битката за врвот на прволигашката сцена.

Костов по пет години повторно се враќа на клупата на Ренова, сега најавувајќи формирање конкурентен тим со резултатите согласно посакувањата на сите негови навивачи.

„Јас Ренова ја чувствувам како неизбежен дел од мојот живот. По пет години повторно сум тука, во клубот за кој ме врзуваат само позитивни спомени. Желбата е да формираме ова лето стабилен тим, конкурентен состав кој ќе игра значајна улога на прволигашката сцена. Имаме време да направиме добар избор на фудбалери преку кој ќе се стигне до позитивни резултати во новата сезона“ – рече Костов на првата средба со играчите на Ренова.

Според планот на стручниот штаб, „гипсарите“ до 13. август, кога е стартот на новата сезона во Првата лига, планираат и одигрување на осум пријателски натпревари.

Се вчитува...