Коу: Русите треба да бидат среќни што имаат и десет атлетичари

Претседателот на Светската аматерска атлетска федерација, Себастијан Коу истакнува дека Русите треба да бидат среќни што имаат десет атлетичари на Летните олимписки игри во Токио.

Пред пет години во Рио право за настап имаше само Дарија Клишина во скок во далечина поради систематскиот допинг поради кој Русија е казнета.

„Да бидам потполно отворен. Имавме долга расправија за тоа што да правиме со руските спортисти. Многу во советот беа против тоа тие да настапат во Токио. Ако мене ме прашате тоа што им дозволивме на десет натпреварувачи според мене е пристоен број“, изјави Коу. 

Се вчитува...