Ковач: Борусија Дортмунд е голем тим, добро се засиливме зимава

Новиот тренер на Борусија Дортмунд, Нико Ковач ги одработи првите пет дена како тренер на „милионерите“. Неговиот тим во сабота ќе го дочека на домашен терен Штутгарт, и посакува неговите играчи да создаваат повеќе шанси за гол.

Тој кажа дека е одлично примен од екипата, и изрази надеж дека тимот сега е посилен со новите имиња кои дојдоа зимава во екипата.

„Оваа прва надела беше многу интензивна. Моравме прво да се запознаеме, многу нови лица. Борусија Дортмунд е голем клуб. Многу добро сум примен, атмосферата е одлична и сакаме да го задржиме тоа чувство и во следните неколку недели“, изјави Ковач, кој во сабота нема да смета на Шлотербек и на Нмеча.

Прашан за новите засилувања Даниел Свенсон и Карни Чуквуемека, тој одговори дека со нив тимот ќе биде посилен.

„Со Свенсон и Чуквуемека добивме играчи кои ќе го комплетираат составот. Ќе имаме силни први 11 играчи и ќе имаме силна клупа“, изјави Ковач.

Се вчитува...