Нико Ковач имаше победничко бундеслигашко деби како тренер на Баерн Минхен, но Хрватот по мечот призна дека неговиот тим имал и судиска помош. Имено, пеналот за вториот гол беше крајно дискутабилен, а Ковач се согласи дека постои сериозен сомнеж дали постоеше прекршок над Рибери за судијата да покаже на белата точка.
„Да бидам искрен, јас не би свирнал таков пенал. Сепак, милам дека го заслуживме овој триумф ако се земат во предвид сите шанси што ги имавме и промашивме во текот на 90-те минути“ – изјави Ковач.
Погледнете ја ситуацијата и самите проценете дали тренерот на Баерн е во право за спорниот момент.
Der brutalste Elfer der Saison – NICHT? Unfassbar, wie man den geben kann!#fcbtsg pic.twitter.com/Z6Fdi2UYb1
— Henning Feindt (@Karlo_Kolumna) August 24, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА