Нико Ковач имаше успешен старт како тренер на Баерн Минхен, веднаш стигнувајќи до пехарот во Супер-купот на Германија со убедливата победа од 5-0 над својот поранешен клуб Ајнтрахт. Ковач пред неколку месеци со Ајнтрахт го шокираше баварскиот гигант во финалето од Купот на Германија, за вечерва да го декласира својот поранешен клуб пред се благодарение на извонредниот Роберт Левандовски.
Полјакот сакаше летово да си замине, управата не му го дозволи тоа, но Левандовски дефиниитивно е максимално фокусиран на претстојната сезона во дресот на Баерн, откако вечерва со хет-трик му го донесе трофејот на својот тим. Тој со два прецизни шутеви со глава донесе водство од 2-0 во првото полувреме, за на стартот од вториот дел да реализира за водство од 3-0.
На 4-0 зголеми Кингсли Коман, кој влезе во игра во второто полувреме, за потоа францускиот крилен офанзивец по една извонредна соло-акција да му асистира на Тијаго Алкантара за конечните 5-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА