Стигна и официјална потврда. Манчестер Сити го промовираше Матео Ковачиќ за свој нов фудбалер. Хрватскиот репрезентативец потпиша договор до 2027 година, а актуелниот европски првак на Челси ќе му плати отштета од 25 милиони фунти, плус дополнителни пет милиони за бонуси.
Ковачиќ доаѓа да го засили средниот ред на местото на Илкај Гундоган кој замина во Барселона, а Хрватот истакна задоволство од трансферот.
„Ова е одличен потег за мене, со нетрпение чекам да почнам. Секој кој ја гледал оваа екипа знае колку е добра, за мене најдобра на светот. Ова е сон на секој фудбалер. Имам уште многу да научам и да се развивам под водство на Пеп, можам да станам подобар играч, што посебно ме возбудува. Планот е да одморам неколку недели, а потоа се враќам во Манчестер на подготовки за новата сезона“, изјави Ковачиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА