Хрватскиот интернационалец Матео Ковачиќ го пофали менаџерот на Челси, Френк Лампард бидејќи донел нов поинтересен начин на водење на тимот, за разлика од неговиот претходник Маурицио Сари.
„Максимално е посветен на тоа што го работи, а неговиот неверојатен карактер на сите во клубот ни е голема инспирација. Неговите тренинзи се интересни и иновативни, а не монотони и здодевни како тие на неговиот претходник, Маурицио Сари. Кај него секогаш ги правевме истите работи, а кај Лампард е многу слично како тоа што го тренирав во Реал Мадрид под водство на Зидан“, изјави Ковачиќ.
Хрватот на „Стемфорд Бриџ“ пристигна во 2018 година на позајмица, а лондонскиот клуб го откупи неговиот договор минатото лето за сума од 45 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА