Ковачиќ заборави за кој игра па прослави гол на Челси (ВИДЕО)

Дербито на 12. коло во Премиерлигата помеѓу Чесли и Манчестер Сити донесе спректакл на „Стемфорд Бриџ“ каде беа постигнати осум голови, а средбата заврши со нерешен резултат 4-4 благодарение на голот на Кол Палмер од белата точка во 95. минута.

Палмер кој премина во Челси по почетокот на сезоната му пресуди на поранешниот клуб, а навивачите на Челси „уловија“ уште еден интересен момент. Имено, на социјалните мрежи се појави видео од Матео Ковачиќ кој помина пет сезони во „синиот“ дрес за ова лето да ги промени клупските бои и да заигра за „граѓаните“ како го прославува голот на противникот.

 

Ковачиќ во досегашниот дел од кариерата најдолго се задржа во Челси за кој настапи 221 пат, а забележа шест голови и 15 асистенции.

Се вчитува...