Кожув го освои Чаир со серија од 15-1 за четврта победа во низа

Кожув ја забележа и четвртата победа во низа откако во 15. коло славеше на гостувањето кај Чаир 2030 со 79-86. Во неизвесниот меч победникот беше решен во последните пет минути кога „црвено-белите“ на крилја на Ризвиќ и Братож успеаја негативата да ја претворат во предност со серија од 15-1.

Неизвесниот натпревар двете екипи го најавија уште од самиот старт во кој и Чаир 2030 и Кожув имаа иницијатива, и го менуваа водството, но не успеваа да направат значајна предност. По 10. минути игра резултатот гласеше 23-21, за гостите со подобра игра во втората четвртина да го превземат водството на полувреме со 42-45.

Чаирчани на крилја на Мохамед успеаја да стигнат до највисоката предност од 68-60 на крајот на третата четвртина, а предноста и да ја задржи до средината на одлучувачките десет минути, но Кожув се врати во игра со серија на тројки. Погодија Ризвиќ и Братож па „црвено-белите“ негативата ја претворија во предност од 78-79 на две и пол минути до крајот, a странските засилувања продолжија во исто темпо за нова победа.

Со 33 поени и 8 скока лидер на Чаир 2030 беше Мохамед, додека него го следеа Рушити и Чучковиќ со по 13 поени. 25 поени за Кожув постигна Ризвиќ, а до 22 поени броеше Гордон.

Се вчитува...