Кожув ја доби драмата со Феникс 2010 за одбрана на Гевгелија

Кожув стигна до третата победа во сезоната откако на отварањето на 7. коло славаше на домашен терен против Феникс 2010 со 97-89. Домашниот состав беше подобриот противник во првото полувреме, имаше двоцифрена предност која ја одржување до крајот на третата четвртина, но гостите од Скопје успеаја да се вратат, а потоа и да приредат неизвесна завршница.

Во изедначеното отварање на натпреварот двете екипи го менуваа водството, но ниедна не успеа да го најде решението за противникот во одбраната. Гордон блескаше за Кожув, Такер за Феникс 2010, а подоброто користење на транзицијата донесе предност од 27-23 за гевгеличани по 10. минути игра. Изгубените топки на скопскиот тим во нападот продолжи да носи лесни поени за „црвено-белите“ кои стингаа и двоцифрената предност од (37-26). Кожув истата умешно ја одржуваше во поголемиот дел од четвртината, но Феникс 2010 успеа благодарение на Трајковски успеа да истата да ја намали на 48-39 на полувремето.

Кожув преку високата реализација продолжи да го диктира темпото и на отварањето на второто полувреме, во еден момент ја врати двоцифрена предност, но финишот на четвртина повторно им припафна на гостите. Феникс одигра добро во одбрната, реализираше во нападот, а домашниот состав промаши и отворени обиди за три поени па предноста експресно се “стопи” на само четири поени (71-67) пред одлучувачките десет минути. Трајковски продолжи во одличен ритам и донесе изедначување (74-74). Натпреварот продолжи со акцент на одбрната, а во играта „кош за кош“ подобро се најде домашниот состав. На минута до крајот Кожув имаше предност од 88-85 и напад, а по контроверзна одлука на судиите и техничките грешки на Такер и Трајковски „црвено-белите“ успеаја да направат серија од четири поени со која ставија крај на дилемите за победник.

Со 29 поени и 5 асистенции Ризвиќ беше лидер на Кожув, а него го следеше Гордон со 28 поени и 7 асистенции. 28 поени и 9 скока за Феникс постигна Трајковски, додека со 20 поени и 8 скока мечот го заврши Такер.

Се вчитува...