Koжув предводен од Јончевски започна со „стотка“ – прегазена Струмица со 51 разлика

Кожув стигна до петтата победа во Првата кошаркарска лига откако во 13. коло славеше на гостувањето во Струмица со 53-104. Во првиот натпревар под водство на Александар Јончевски гевгеличани одиграа речиси перфектено на двата дела од теренот, имаа висока реализација од 55 отсто од поле на крајот на мечот и сосема заслужено влегоа во серија на победи.

Отварањето на натпреварот беше во знакот на Кожув кој со високата реализација успеа да направи резултатска предност од самиот старт. „Црвено-белите“ умешно ги користеа изгубените топки на домашниот тим , реализираа седим обиди за два и четири за три со што по 10. минути игра поведоа со 17-31. Избраниците на Јончевски продолжија да го диктираат темпото и до крајот на првото полувреме. Добрата одбрана им донесе и највисока предност од 22-45 во 17. минута од мечот, но Струмица беше таа која го заврши полувремето со серија од 8-0 за ублажување на негативата на 30-45.

Второто полувреме не донесе промени на паркетот. Мечот на двата дела продолжи во ритамот на Кожув кај кој добриот проток на топката носеше и лесни поеним, повторно реализираше во висока успешност па до крајот на третата четвртина предноста се искачи на 38-76. Последната четвртина беше само формалност во која гостите ја надминаа границата од сто постигнати поени.

Со 20 поени и 6 скока лидер на Струмица беше Крстајиќ, додека Кортез мечот го заврши со 13 поени и 5 скока. 28 поени, 8 скока и 6 асистенции за Кожув реализираше Гордон, а 11 поени и 9 скока Јузбашиќ.

Се вчитува...