Кожувчанка нов партнер на Федерацијата за училишен спорт

Федерацијата на училишен спорт потпиша договор за соработка со Кожувчанка. Во текот на целата 2019 година постои план и програма направена од Федерација на училишен спорт која што секоја недела има свои активности и проекти, а сега заедно со Кожувчанка ДОО како верен поддржувач и помагател на спортот во државата ќе се обидат да го подобрат и зајакнат организацискиот модел на училишниот спорт, со надеж дека ќе се постигнат поефикасни резултати во развојот на целокупниот спорт во нашата држава.

„Еден од планираните проекти за тековната 2019-та година кој што е содржан во нашиот маркетинг буџет е токму оваа соработка со училишниот спорт, како дополнителен мотив за младите спортисти, федерацијата и спортските работници. Се надевам дека секоја наредна година нашата поддршка ќе се зголемува, а ние ќе се вложуваме за да допринесеме во јакнење на овој систем, бидејќи нашиот најголем фокус, а воедно и за секое општество, се младите како основа и двигатели на едно здраво општество” – изјави за идната соработка маркетинг менаџерот на Кожувчанка ДОО, Митко Јовановски.

Претседателот на Федерацијата на училишен спорт, Александар Туфекчиевски изрази задоволство од новиот помагател.

„За разлика од останатите федерации, нашата е една комплексна федерација која што има една голема масовност со интеграција на сите 460 училишта (основни и средни), поткрепени со 36 општински сојузи на училишен спорт кои што сите здружени ја сочинуваат федерацијата. Голема благодарност до компанијата “Кожувчанка” за поддршката која што ја дава, и за овој почеток каде основен акцент се става на масовноста на младите во спортот и се надеваме на долгорочна и успешна соработка”, истакна претседателот на федерацијата, Александар Туфекчиевски.

Се вчитува...