Крадци во домот на Отаменди: Вооружени напаѓачи го врзале фудбалерот за врат пред неговиот син

Фудбалерот на Бенфика, Николас Отаменди синоќа доживеал невиден хорор во својот дом во Лисабон, откако дошле неочекувани гости со цел преку ноќ да се збогатат.

Четворица маскирани и вооружени напаѓачи провалиле во неговиот дом. Го врзале фудбалерот со колан околу вратот за да соработува. Во домот биле присутни и неговата сопруга и синот. Крадците си заминале со пари и накит, меѓу кои и скапоцени часовници.

За среќа Отаменди и неговото семејство минале без повреди. Полицијата работи на расветлување на случајот, а од Бенфика го потврдија инцидентот, но напоменаа дека семејството Отаменди е добро, освен претрпениот шок и страв.

Се вчитува...