Крај на бајката: Реал Мадрид го отпиша „спасителот“

Бајката на искусниот шпански напаѓач Хоселу кој неочекувано го засили Реал Мадрид како позајмен играч на почетокот на сезоната за жал завршува на крајот на истата, пренесуваат шпанските медиуми.

Триесетичетиригодишникот се врати во клубот каде што настапуваше како младинец поради заминувањето на Карим Бензема од „Сантијаго Бернабеу“, но поради очекуваното пристигнување на Килијан Мбапе, како и талентираниот напаѓач Ендрик во Реал Мадрид за него повеќе нема да има место од следната сезона.

Хоселу фантастично ја искористи шансата која ја доби во Реал Мадирд постигнувајќи 16 голови во сите конкуренции, а вечно ќе се паметат двата голови во самата завршница од вториот полуфинален натпревар против Баерн Минхен кој донесе ново финале за „кралскиот клуб“.

Се вчитува...