Крај на дилемите: Венгер попушти за Жиру, за да го добие Обамејанг

Веќе нема никакви дилеми, голгетерската „вртелешка“ меѓу Арсенал, Челси и Борусија Дортмунд ќе се финишира, „топчиите“ ќе го добијат Обамејанг, Челси ќе се засили со Оливие Жиру, додека „милионерите“ од Дортмунд ќе го ангажираат Мичу Батшуаи од лондонските „сини“.

На оваа тема се разговараше меѓу трите клубови во последните 72 часа, се чинеше и дека се е договорено, за Челси во последен момент да ги блокира преговорите барајќи Арсенал да ја спушти цената од 20 милиони фунти што ја бараше за Жиру. Венгер и директорите на „топчиите“ отпрвин не сакаа ни да чујат за оваа опција, но на крајот сепак попуштија, свесни дека доколку Жиру не замине на „Стемфорд бриџ“ кругот нема да може да се комплетира, а тие ќе останат без Обамејанг.

На крајот, Арсенал ја прифати понудата од 18 милиони фунти за Жиру, давајќи зелено светло за Французинот да замине на лекарски прегледи кај градскиот ривал. Обамејанг е веќе во Лондон, чекајќи во текот на утрешниот ден да потпише договор со „топчиите“, додека Батшуаи е подготвен за пат кон Германија и финализирање на договорот со Борусија.

Се вчитува...