Крај на една ера: Бојан Дубљевиќ заминува од Валенсија

Бојан Дубљевиќ по 11 години поминати во Валенсија заминува од клубот како слободен играч, потврди шпанскиот евролигаш. Црногорскиот репрезентативец во деценијата помината во Шпанија заминува како легенда на клубот кој освои две титули во Еврокупот, три шпански првенства и трофеј во Суперкупот на Шпанија.

Раководството на клубот се збогуваше со својата легенда на емотивен начин и му посака многу успех во продолжението од кариерата. А, каде ќе биде тоа ќе дознеме по завршувањето на престојното Светско првенство каде се очекува да биде лидер на Црна Гора.

 

Се вчитува...