Крај на една ера: Браќата Гасол ставија крај на репрезентативните кариери

Шпанија со пораз во четвртфиналето од САД го заврши настапот на Олимписките Игри во Токио, за веднаш потоа легендарните Пау и Марк Гасол да објават дека ставаат крај на своите фантастични репрезентативни кариери.

Двајцата ветерани во кариерата освоија се што можеше да се освои како членови на „црвената фурија“, за сега да го препуштат своето место на помладите.

„Многу сум среќен поради сето она што го доживеав со репрезентацијата. Жал ми е што се простувам со пораз, но оваа последна средба нема да биде мерило за сето она што го постигнав со Шпанија, за сето она што го остварив во изминатите 20 години“, изјави Пау Гасол.

„Време е некој друг да го преземе нашето место и да ужива во оваа авантура. Ова е вистински момент да отстапам и да го препуштам местото на некој помлад“, додаде Марк Гасол.

Се вчитува...