Крај на една ера: Играчите на Интер повеќе нема да носат „Пирели“ на дресот

Сино-црниот дрес на Интер беше скоро незамислив во последните децении без натписот „Пирели“, но од следната сезона, навивачите ќе мора да се навикнат на поинаква реалност. Имено, по 27 години, дресот на Интер ќе претрпи драстична промена, што предизвика шок кај фановите.

Спонзорот „Пирели“ веќе нема да биде на него, а оваа информација ја потврди извршниот директор на гигантот од областа на производство на гуми, Марко Тронкети Провера.

„Веќе нема да бидеме спонзори на дресот, но нашиот однос со клубот ќе продолжи. Разговараме со Антонел, Марот и другите директори на Интер за тоа како ќе изгледа соработката“, – изјави Тронкети Провера.

Инаку, Интер и сопственикот на компанијата Сунинг, имаат големи финансиски проблеми, па ваквата состојба со „Пирели“ секако не е во прилог на решавање на овие проблеми.

Се вчитува...