Крај на една ера: Легендарниот фудбалер на Јувентус пред пензија

Еден од најдобрите стопер во историјата на фудбалот, Џорџо Киелини сериозно размислува за пензија на крајот на сезоната, пренесуваат италијанските медиуми.

Договорот на 37-годишникот со составот од Торино завршува на крајот на сезоната, а оваа сезона легендарниот стопер има повеќе пропуштени натпревари поради повреда откако одиграни средби. Впрочем, Јувентус веќе и ја започна смената на генерации со доведувањето на Матијас де Лихт и Демирал, па оваа одлука воопшто не изненадува.

 

Киелини „црно-белиот“ дрес го брани уште од 2005 година кога пристигна од редовите на Рома, а за торинскиот клуб одигра 525 натпревари во кои забележа и 36 погодоци.

Се вчитува...