Повторно збогум: Погба е најголемото промашување во историјата на Манчестер Јунајтед

Францускиот фудбалер Пол Погба (29) ја заврши сезоната во Манчестер Јунајтед, а очигледно ги одигра и последните минути во дресот на „црвените ѓаволи“.

Клубот од Манчестер потврди дека 29-годишниот играч од средниот ред ја завршил сезоната поради проблеми со мускулите и дека повеќе нема да игра за „црвените ѓаволи“ до крајот на сезоната.

„За Пол, оваа сезона веројатно е завршена. Докторот ми рече дека има минимум четири недели одмор, а со оглед на тоа што последниот натпревар е кон крајот на мај, не верувам дека ќе игра повеќе оваа сезона“, изјави Ралф Рангник.

Нема дилема дека Погба летово како слободен играч ќе си замине од клубот, откако во последните години беше далеку од посакуваната форма, влегувајќи во конфликти со дел од тренерите.

Само за потсетување, Французинот како слободен играч си замина од Јунајтед и се пресели во Јуве, таму ја лансираше својата кариера, па за 100 милиони фунти се врати назад на „Олд Трафорд“. Летово историјата ќе се повтори, тој повторно без отштета ќе го напушти Манчестер и ќе остане запаметен како едно од најголемите промашувања на сите времиња на најтрофејниот англиски клуб.

Се вчитува...